English Italian Swedish Serbian Macedonian
Има 21 гости присутни

Платени реклами

Банер

Етно Плоштад

  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
  • Фото галерија од Етно Плоштадот
Банер

Пријатели


Банер

Годишен Хороскоп

Риби

Рибите се последниот, дванаесетти знак во зодијакот. Тоа значи дека ги обединуваат сите доблести но и мани на останатите единаесет претходни знаци. Припаѓаат на променливиот квалитет, претставници на водените знаци.

Тие се романтични, сензитивни, интуитивни, променливи, неодлучни, нереални, но и многу повеќе. Нептун, како планета на илузиите се смета за владател на овој знак. Јупитер, како совладетел, ги обдарил со дарба за филозофија и визуелизација. За жал, ниедна од тие планети не ги обдарила Рибите со практичност, и со тоа се препуштени на своите длабоки емоции и фантазии. Рибите може да ги имитираат перфектно другите знаци: во однесувањето, начинот на говорот, зборувањето итн. Но тие никогаш всушност не се менуваат самите себе си. Замислете најразлични садови, со различна форма и големина, а Рибите се течност која слободно продира во секој сад, се прилагодува на неговата форма, но својата содржина никогаш не ја менува. Затоа, Рибите се често погрешно оценети од другите како дволични. Сепак многу е тешко да видите како една Риба презема иницијатива; најчесто и е потребна голема мотивација, а таа да доаѓа однадвор. Осетливи се и на најмалата забелешка од другите луѓе; дури може да почувствуваат лоши струења меѓу луѓето па лесно да се расплачат. Толкавиот сензибилитет ги прави лесно кршливи и ранливи пред другите знаци. Затоа, можат лесно и да избегаат ако се најдат пред некој поголем проблем, да станат неодговорни. Најлоша реакција од нив ќе видите ако ги подложите на емотивен притисок. Тогаш едноставно ќе се повлечат и ќе побегнат во својот имагинарен свет. Нивната фантазија е една од најдобрите особини што ги поседуваат. Тие умеат на сликовит начин да се изразат, користејќи ги емоциите а не разумот како средство за искажување. Рибата е најголем алтруист во зодијакот, покажувајќи ненадминлива сочувствителност со другите, дури и со непознатите. Се обидуваат да ја намалат болката на другите  превземајќи ги нивните маки и искажувајќи утешни зборови. Има една работа за рибите која другите знаци многу тешко ја разбираат. Кога реалноста е досадна и тешка, тие создаваат своја реалност, вистина и правила, со кои ја ублажуваат болката. Но, проблемот е во тоа што кога ќе се вратат во реалноста, не можат да се снајдат во секојдневните работи и почнуваат да пливат под дејство на брановите кои ги носат горе-долу (симболот на Рибите).


Рибите и работа

Се што работат рибите работат со срце; затоа, тешко поднесуваат работа која бара прецизност, детали или повторување. Не ја знаат вредноста на парите и не се многу вешти при склучување на финансиски договори, па затоа бараат некој друг да се погрижи за тоа. Со својата бујна фантазија и креативност се наоѓаат себе си во филмот, уметноста, театарот, балетот, рекламна индустрија итн. Но често може да ги најдеме и во организации од затворен тип: болници, затвори, големи организации каде припадниците на посрамежливите Риби ќе може мирно да работат, да помагаат на другите луѓе и притоа тивко да сонуваат. Рибите владеат со течноста, а рековме дека многу добро знаат и да имитираат така што може да ги најдеме и како сопственици или продавачи на алкохолни пијалоци, во хемиската индустрија, индустријата за бои и лакови итн.


Рибите и здравјето

Рибите владеат со стапалата. Рибите често имаат кревко здравје, анемични се но за чудо многу издржливи. Имаат слаба циркулација, рамни стапала, често страдаат од несоница, депресија и разни психосоматски заболувања. По секоја цена треба да избегнуваат големо количество алкохол, седативи  и антидепресивни средства. Рибите, како што видовме, лесно се подложни на туѓите сугестии и лошите зборови. Затоа, им е потребен многу одмор, сон, и прошетки во природа, кадешто невидени од другите ќе може да ги наполнат своите длабоки мисли со позитивни вибрации.


Рибите и љубовта

Колку само сакаат да љубат некого, а колку пати само остануваат разочарани. За Рибите најважна работа во светот е љубовта. Проблемот е во тоа што повеќе се заљубени во љубовта отколку во некоја конкретна личност. Сакаат нежна и романтична љубов, но знаат да потпаднат под влијание на променливото расположение, па да влезат во сомнителни, таинствени, забранети врски. Најпрво, платонски и на идеалистичен начин ја замислуваат секоја идна ситуација со симпатијата,  чувствувајќи ги првите замислени бакнежи. Но, бидејќи по природа се резервирани тешко го прават првиот чекор и се случува да им избега саканата личност па тие да се почувствуваат неразбрани. Инаку во една љубовна врска Рибите се топли, романтични, пожртвувани за саканата личност. Во однос на тоа каков партнер им одговара,  секако на прво место, како критериум, доаѓа убавината, внимателноста, разбирањето, интелегенцијата, добрината. Не ги сакаат премногу грубите личности, иако често сакаат да ја препуштат лидерската улога на партнерот а тие се задоволуваат со ситните работи. Рибите се дежурни поети и боеми. Но тие знаат да бидат исклучително еротски настроени, често покажувајќи и садомазохистички тенденции. Не толку по темпераментот, туку по нивниот жар и креативната имагинација, знаат, и тоа како, да остават трајни впечатоци. Затоа ги нарекуваат и неспоредливи љубовници во хороскопот. Им одговаараат личности родени во водени (Рак, Шкорпија) и земјени (Бик, Девица, Јарец)  знаци, а потешко се разбираат со огнени(Овен, Лав, Стрелец) и воздушни (Близнаци, Терезија, Водолија) знаци.


Совет:

Трудете се да не сонувате многу преку ден зошто животот е тоа што се случува околу вас додека сонувате за него. Потребна ви е само малку храброст и амбиција и да станете идеални. Не плашете се, никогаш нема да ја изгубите својата индивидуалност ако го сторите тоа.


Водолија

Водолијата е претпоследниот, дванаесетти знак во хороскопот. Има фиксен квалитет, припаѓа на групата воздушни знаци. Знак на високата интелегенција, необичноста, социјалните настани, Водолијата е уникатен знак. Владетелот Уран им подарил интерес за новото и необичното, современата технологија, електрониката и окултното. Има два типа на Водолија.

Првиот е многу внимателен со другите луѓе, речиси срамежлив и молчалив, постигнува успех во научните дисциплини, како што е астрономијата, економијата и други области каде се бара задлабочување. Вториот и почест тип постојано зборува, ексентричен е, и често ќе го најдеме во рамките на групи и здруженија. Но, за двата типа заедничко е тоа што се оригинални, со научен дух, расположени за комуникација, и имаат потреба од преземање на необични потфати за прогрес на човештвото. Водолијата е интелектуално суштество и еден од ретките знаци кој зазема рамноправен и објективен став кон нештата. Пријателите му се важна работа во животот, но уште повеќе си ја сакаат слободата и не сакаат да бидат врзани за некое правило, закон или човек. Водолиите се револуционери и бунтовници. Тие ја имаат улогата на предводници на новото и уништување на стариот и излишен поредок на работите. Секогаш имаат претчувство за работите кои ќе дојдат, и со помош на одличните комуникативни способности претставуваат одлични говорници. Ја имаат таа моќ да ги вовлечат пошироките народни маси во исполнување на своите идеи, кои, сепак, се за доброто на човештвото во целина. Важат за искрени и интересни пријатели, спремни да разговараат за секоја тема, неограничени од строгите конзервативни правила и норми.


Водолија и работа

Вообичаено се предвесници на новото, па ги наоѓаме во дисциплини како електроника, најсовремена технологија, математика, итн. Секаде каде е потребна интелектуална работа, Водолиите се на свој терен. Можеби, од време на време и ќе им здосади работата, ако е еднолична, носепак, со својот креативен и иноваторски дух се едни од најинтересните колеги во зодијакот. Целта им е, иако се индивидиуалци, да работат во пошироки групи и здруженија, да го остварат својот идеал за подобрување на колективната свест. Типичен пример за професија каде Водолијата го покажува целиот свој потенцијал се еколошките здруженија, каде може да покрене храбра кампања за заштита на човековата околина. Секако, и други професии доаѓаат предвид, но задолжително крајна цел на тие професии мора да биде подобрување на животот на луѓето во целина, преку воведување на смели идеи.


Водолија и здравје

Водолиите владеат со зглобовите на нозете. Водолиите имаат проблеми со телесниот електрицитет, често може да имаат проблеми со тешка проодност и лесно кршливи зглобови. Поретко обрнуваат внимание на својот изглед и физичка форма, затоа што се преокупирани со прашања од поголемо значење. Но, оваа нивна немарност има последици врз нервниот систем. Имено, Водолиите се лесно раздразливи, знаат да се развикаат а веднаш потоа да продолжат на други теми како ништо да не се случило. Крвниот притисок редовно им создава проблеми па неопходни се редовни лекарски прегледи. Им се препорачува да земаат учество во тимски спортови (фудбал, кошарка, итн).


Водолија и љубов

Тешко е да се објасни зошто Водолиите ги бие глас дека се ладни и незаинтересирани за љубовните игри. Една можна причина би била таа што вели дека Водолијата премногу интелектуално навлегува во работите, па и во љубовта. Но, како да го објасниме фактот што вели дека (неофицијално!) Водолиите се едни од најпосакуваните љубовници (надвор од регуларна љубовна врска). Тоа е веќе лесно да се објасни. Имено, Водолиите не сакаат да бидат врзани со една личност, а ако го сторат тоа, таа треба да биде исклучителна и целосна независно интелектуално освестена. Сепак, полесно им е да влегуваат и излегуваат од љубовни врски, кршејќи туѓи срца, влегувајќи во љубовни триаголници и излегувајќи неповредени. Многу повеќе од останатие знаци, ним им е потребна силна интелектуална стимулација, затоа што со спротивниот пол влегуваат во еманципирани и рамноправни односи. Мора да потенцираме, дека сепак, иако тоа малку потешко им паѓа, Водолиите се спремни за љубов кон една личност. Тоа би се случило ако го најдат идеалниот партнер: натпросечно интелегентен, шармантен, речит и либерален. По триесеттата година од животот или ќе решат да влезат во брак или вечно ќе останат надвор од него. Водолијата воспоставува позитивен контакт со останатите воздушни (Близнаци и Терезија) и огнени (Овен, Лав и Стрелец) знаци. Потешко им е да се разберат со земјените (Бик, Девица и Јарец) и водените (Рак, Шкорпија, Риби) знаци.


Совет:

Имате силна визија за тоа како треба да изгледа иднината на човештвото во глобала. Но, човештвото се гради и преку односот на еден човек со друг. Затоа, бидете малку потолерантни спрема луѓето кои не го делат вашиот фанатизам и покажете милост и љубов спрема единката!


Јарец

Јарецот е десеттиот знак во зодијакот. Припаѓа на групата земјени знаци и се одликува со кардинален карактер. Неговиот  симбол е животното јарец. Јарецот се одликува со длабочина на размислување, сериозност, внимателност и доверливост.

Тој има силна волја. Истовремено и разумен и трудољубив, Јарците се столбови на општеството. Имаат способност да издржат големи напори со цел да стигнат до посакуваната цел. Но, нивниот темен владетел, Сатурн, планетата-учител, им подарила доза на песимизам, црн хумор и меланхоличност. Знаат да бидат и депресивни и тешки за соработка. Амбициозен планер, Јарецот граби напред со мирна но постојана упорност. Јарецот си поставува високи стандарди, но истите ги применува и во односот со другите луѓе. Самокритини, работат добро во организирана средина. Јарците имаат потреба, пред се, од јасно поставена цел; инаку може да се изгубат од мноштвото желби кои ги поседуваат (во главно поврзани со кариерата). Имаат способност да ги исполнат сите очекувања, да бидат приемчиви и понизни, но само ако тоа  им помога да стигнат до врвот. Како припадник на земјените знаци, Јарецот покажува стабилност и чувство за реално согледување на животот. Така, и при изборот на пријатели, Јарците се внимателни и практични. Се доверуваат на малкумина, но затоа искажуваат огромно и нераскинливо пријателство и секогаш се спремни да дадат совет или поддршка. Јарецот се стреми кон позиција каде ќе оствари повеќе контрола над работите и каде сам ќе го одреди темпото на работа. Сакаат да се здобијат со авторитет и не се снаоѓаат најдобро во потчинета положба. Ако веруваат дека може да успеат во извршувањето на задачите, не се откажуваат се до самиот крај. Јарците се и длабоки мислители. За нив, животот е сериозен и тежок, но имаат нагон да загосподарат со него, откривајќи ги сите негови тајни и стоички борејќи се со потешкотиите. Ловец на знаење и мудрост, преку макотрпна работа, Јарецот со помошта на одличната логика и моќ на концентрација, успева да постигне многу во животот, иако тоа е забележливо по триесетата година од нивниот живот.


Јарец и работа

Обично, Јарците одбираат професии како што се: доктори, адвокати, сметководители и се што е поврзано со математиката или парите. Секаде кадешто се работи на долгорочни проекти, пожелно би било да биде вклучен и Јарецот, кој, со задоволство ќе ја докаже својата надмоќ, во целост извршувајќи ги работните обврски. Јарците се исто така добри политичари поради нивната вештина во дебатите. Добри професори и обучувачи, максимумот го даваат на местата каде што може да покажат авторитет. Ги наоѓаме и како инженери, земјоделци и градежници. Оштриот ум и необичен хумор некои Јарци ги насочува кон филмот и уметноста воопшто. Ако нзвлезат во спортските води ќе се потрудат секогаш да бидат најдобри.


Јарец и здравје

Јарецот владее со колената, коските и забите. Јарецот често имаат проблеми со забите и фрактура на коските, повеќе отколку другите знаци. Тој има и слаби нерви, и склони се кон депресии.  Имаат проблеми со кожата (сува кожа), а во староста заболуваат од склероза, потешко се движат и имаат болки во грбот. Би требало да конзумирааат храна без многу холестерол.


Јарец и љубов

Јарецот тешко би можел да се нарече романтичен љубовник. Верен, но внимателен, во односите со партнерите Јарецот не се оддава лесно поради страв од губење на својот идентитет. Јарецот има голема почит спрема бракот и семејството. Знае да направи јасна разлика помеѓу чисто телесна врска и вистинска љубов. Не сака зависност од другиот и често бара личност со кој ќе оствари спонтан и релаксиран однос. Сака искрени и весели личности, поради можноста од нив да научи да сака, да се забавува и да се смее. За возврат, тој нив ќе ги научи на одговорност, практичност и способност за контрола на инстинктите и емоциите. Иако, надворешниот изглед е студен и беизразен, во него се кријат силни страсти и чувства. Не сака неговиот разум да биде помрачен од чувствата, па затоа дури во подоцнежните години учи да се опушти во присуството на партнерот. За да го отвори своето срце, потребно е да воспостави трајна и стабилна врска. Јарецот има добар однос со останатите земјени  (Бик и Девица) и водени (Рак, Шкорпија и Риби) знаци. Недоразбирања постојат со огнените (Овен, Лав и Стрелец) и воздушните (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци.


Совет:

Многу сериозно го разбирате животот! Опуштете се, погледнете на посветлата страна на животот. Вие служите како идоли на општеството, но обрнете внимание и на вашите најблиски и љубени. Подарете им многу љубов и грижа, и оптимистички гледајте на работите во иднината!

Стрелец

Стрелецот припаѓа на групата огнени знаци. Деветтиот знак во хороскопот има променлив квалитет. Симболот на Стрелецот е митското суштество кентаурот, кој претставувал половина човек и половина коњ.

Со тоа, Стрелците ја симболизираат вечната борба меѓу анималниот инстинкт и рационалниот човек. Стрелецот е храбар, друштвен, со спортски и натпреварувачки дух. Неговата либералност го прави омилен меѓу луѓето и му нема рамен во однос на неговиот оптимистички дух. Неговите лоши особини  се: непостојаност, насилност, не обрнува внимание на советите на другите луѓе, скептик, мрзелив. Неговиот владетел Јупитер му подарил топла и пријателска природа. Вообичаено се стреми да ги достигне најголемите висини во животот. Стрелецот е личност која ги сака луѓето и секогаш се обидува да внесе добро расположение. Но, тој не е зависен од нив. Напротив, се истакнува со својата независност и избор на делување. Ретко искажува нетрпеливост или посесивност. Но, има повеќе типови Стрелци, од големи филозофи и оптимисти до скептици кои гледаат негативно на се што се случува околу нив. Нивната желба и склоност за патување во странство и откривање на нови, егзотични краеви често им носи проблеми во контактот со странците. Стрелците сакаат да се покажат во најдобро светло кога ќе се соочат со предизвици. Тоа е потреба длабоко вкоренета во нив. Знаат да ризикуваат, и поради ова, треба да се стремат кон развивање на веќе вградените интелектуални способности.  На тој начи начин би ги намалиле можностите за неуспех.  Овој знак означува и способност за брзо приспособување во сите ситуации и држење на ситуацијата под сигурна контрола. По природа се идеалисти и тоа им помага да ја исполнат својата цел, дури и кога ќе се појават проблеми. Покажуваат тенденции на преголем оптимизам кога се заинтересирани за нешто. Тие се верници, спремни да се борат за она во што веруваат. Брзо учат работи, спремни се за нови искуства и луѓе. Во овој знак се родиле најголемите мислители.


Стрелец и работа

Стрелците се луѓе со широк дијапазон на  интереси и можеме да ги најдеме во повеќе професии. По природа се професори или филозофи. Наоѓаат задоволство во изложување на моралната природа, закони и идеи кои го дефинираат универзумот. Теолози, научници, правници, политичари, односи со јавноста или администрација.  Секаде каде што има потреба од контакти со луѓе можеме да го сретнеме Стрелецот. Одлично комуницира со другите, па може да го сретнеме и во маркетинг. Многу претставници на Стрелците ќе се решат да заминат во странство со цел да го решат проблемот со егзистенција.


Стрелец и здравје

Стрелците владеат со колковите и бутните мускули. Стрелецот, како и повеќето огнени знаци, е во добра психофизичка состојба. Редовно спортуваат што им е полезно за оддржување на доброто здравје. Но во подоцнежните години, кога веројатно имаат помалку време да се занимаваат со физички активности, склони се кон дебелеење. Треба да ги одбегнуваат цигарите уште од младоста бидејќи дишните органи им се многу осетливи. Може да се појават и проблеми поврзани со шеќерот и црниот дроб.


Стрелец и љубов

Стрелецот внимава да не наиде на љубоморен и посесивен партнер кој би ја ограничил неговата потреба од слобода на размислување и движење. Помладите стрелци најпрвин гледаат на физичкиот изглед, и машкиот и женскиот пол. Поумните Стрелци бараат силен интелектуален партнер со кој ќе бидат рамноправни. Тие имаат потреба и од пријатели, а не само љубовници. Инаку, често Стрелците се посочувани како знаци кои имаат многу поминато во својот живот. Најчесто и самите се фалат за своите подвизи. Стрелците имаат хармонични односи со останатите огнени (Овен и Лав) и воздушни (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци, додека недоразбирања се појавуваат во односите со земјените (Бик, Девица и Јарец) и водени (Рак, Шкорпија и Риби) знаци.


Совет

за Стрелците: Раширете го вашето знаење, обилно користејќи го вашиот хумор и насмевка. Развеселете ги луѓето, поучете ги дека треба да ги почитуваат моралните норми и дека животот треба да се живее со сите негови мани и доблести!

Шкорпија

Шкорпијата е воден знак, со фиксен квалитет. По ред е осмиот знак во хороскопот. Единствен знак кој очигледно има два силни владетели, Марс и Плутон, кои наизменично и даруваат агресивност, таинственост, сила и моќ на регенерација. Но, се чини дека има огромна разлика меѓу Овните кои за владетел го имаат Марс и Шкорпиите кои повеќе личат на таинствената

планета Плутон. Типичните Шкорпии се мистериозни, силни, отпорни, страстни, со истражувачки дух. Знаат да бидат и молчаливи, опасни, насилни, доминантни и опасни непријатели. Имаат потреба се што изградиле во животот, со еден замав, да госрушат и да почнат да градат од почеток. Навистина, многу одлики собрани во карактерот на само еден знак. Нашите истражувања покажаа дека многу од лошите особини кои и се припишуваа на Шкорпијата биле плод на заблуди.  Шкорпијата, како воден знак, поседува длабоки чувства од кои всушност се состои базата на најзиниот идентитет. Фиксниот карактер и овозможува, со постојан напор, сепак, да ја постигне целта. Вообичаено не е фалбаџија, иако гори од желба да ги дознае тајните на другите луѓе. Но тоа го прави преку посредство на интуицијата, која и е неверојатно развиена, и на тој начин ги открива маните на другите луѓе. Но, бидејќи тоа не можат да го искажат, реагираат експресно и ги решаваат проблемите на изненадување на останатите. Во рамките на едно друштво, Шкорпијата е секогаш во позадина, но затоа на малкумината верни пријатели таа секогаш е од помош. Таа е целосно верна кон малиот број пријатели, знае да ги ислуша, и со два, три збора веднаш да укаже на решението на проблемите. Но кога ќе биде еднаш повредена, таа никогаш не заборава и ќе се најде еден момент во иднината кога повеќекратно ќе се одмазди. Важи за најопасен неприајтел, која како и животното шкорпија, брзо и молскавично го вбризгува отровот во изненадената жртва.


Шкорпија и работа

Шкорпијата има проблем во изборот на работа. Таа сака професијата да одговара на нејзиниот темперамент или воопшто нема да работи. Нивната решеност секогаш им помага да ја завршат работата до крај. Тие работат вредно и тивко, свесни за својот квалитет. Сака да работи сама, далеку од очите на јавноста. Сакаат да откриваат, затоа може да бидат добри полицајци но и опасни криминалци.  Се снаоѓа како: хирург, писател на криминални новели, психолог, композитор, актер, итн.


Шкорпија и здравје

Шкорпијата владее со репродуктивните органи и карлицата. Физички, Шкорпиите се многу издржливи. Но, можат да бидат склони кон инфекции (најчесто на полните органи), грозници, болести на дебелото црево. Затоа, им се препорачува да конзумираат лесно сварлива храна. Бидејќи покажуваат екстремни однесувања, треба да внимаваат да не го загрозат своето здравје со големо количество алкохол, цигари или неспиење. Треба да внимаваат на појава на фрустрации и неактивност, тоа најмногу им делува негативно по здравјето.


Шкорпија и љубов

Во љубовта Шкорпиите се нежни, верни и посесивни. И покрај тоа што имаат силни страсти, сакаат мирна и долга љубовна врска. Најголеми мани им се љубомората и сомнежот. Партнерот кој ќе го одбере Шкорпијата мора да и биде целосно посветен. Шкорпијата си ја сака својата слобода, но е истовремено и многу грижлива личност и целосно е посветена на своето семејство. Нема време за љубовни страдања, иако во младоста ужива во страствени љубовни авантури. Сепак, ако најде идеален партнер, Шкорпијата е одличен животен сопатник и во добро и во зло. Шкорпијата одлично се согласува со останатите водени (Рак и Риби) и земјени (Бик, Девица и Јарец) знаци. Конфликти има со огнените (Овен, Лав и Стрелец) и воздушните (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци.


Совет:

Лесно ги препознавате карактерите на личностите околу вас. Но, како другите ќе ве запознаат вас, ако постојано го криете вашето вистинско лице. Потребна ви е малку повеќе верба во искреноста на човечкиот род!

Терезија

Терезијата спаѓа во групата воздушни знаци. Седмиот знак по ред во хороскопот, има кардинални особини и постојано сака да биде во контакт со другите луѓе. Типичните Терезии се шармантни, духовити, друштвени, мразаат насилство.

Истовремено пријателски се настроени и знаат многу убаво да се изразуваат. Нивниот владетел, Венера, им дарувала убавина или привлечност со која магнетски влијаат на другите луѓе. Но, тие имаат и свои мани. Често покажуваат особини на неодлучност и насигурност кога е во прашање донесувањето важни одлуки. Немаат цврсти ставови во животот и често се обидувааат да го изберат најлесниот пат до успехот, обилно користејќи го својот шарм и пријателите. Терезиите, како што покажува и нивниот графички симбол, постојано размислуваат за најсовршените решенија. Секогаш се на страната на правдата, објективни се и ги земаат предвид сите мислења. Омилени се меѓу пријателите и друштвото поради нивната забавна и склона кон хумор природа. Самите, обожуваат да се најдат на места каде што ќе се дружат со луѓето, иако вообичаено сакаат да се дружат со пософистицирани личности (личности од повисоката класа). За таквите средби, една типична Терезија, ќе купи облека според најновиот моден терк и на тој начин ќе може лесно да биде забележана. Општо гледано, земајќи предвид дека изгледот за Терезијата е многу важен, можеби со право некои ги нарекуваат и снобови на хороскопот! Но, многу е лесно така да се оквалификуваат Терезиите а без притоа да ги споменеме и особините кои со право ги одделуваат  од другите знаци и ги поставуваат на посебно место во зодијакот. Тоа е нивната моќ да всадат чувство на мир и хармонија во гневните и агресивно настроените луѓе. Истовремено, укажуваат дека сите сме еднакви пред Законот и според тоа сите имаме еднакви права. Оваа нивна карактеристика е многу ценета од другите, па Терезијата е еден од најомилените знаци во целиот хороскоп. Во животот ги води помослата да имаат покрај себе привлечен партнер, убаво наместен дом и весели приајтели. Ретко знаат да бидат груби и насилни, проблемите сакаат да ги решаваат по пат на дијалог.


Терезија и работа

Нивната уметничка и нежна душа наоѓа сатисфакција во сликарството, музиката, пишувањето; уметноста воопшто. Венера им подарила истенчен вкус за естетика и затоа се големи заштитиници и мецени. Не можат да го замислат секојдневниот живот без пријатните звуци од радиото. Артистичноста и позирањето ги носат во водите на филмот и театарот. Некои од најпосакуваните медиумски ѕвезди се родени во Терезија. Нивната способност за мирно разрешување на конфликти ги води во политички води, па така се истакнуваат како дипломати, миротворци или членови на хуманитарни организации. Терезијата не сака да си ги валка рацете и пред се сака интелектуална работа. Поради желбата за надворешна привлечност, ги наоѓаме и во индустриите за козметика и конфекцијата.


Терезија и здравје

Терезијата владее со бубрезите и внатрешните репродуктивни органи. Терезијата внимава на своето здравје, но има страв од болести и од доктори. Нејзиниот изглед и е многу важен па редовно користи најсовремени козметички средства за да ја оддржи младоста. Често може да сретнете Терезија како ги посетува салоните за убавина или фитнес, со желба во најубаво светло да се претстават на јавноста.  Може да имаат проблеми со главата и запаленијата, посебно на кожата, и ако Венера и Сатурн во нивните хороскопи лошо се аспектираат. Инаку, важат за најпривлечните хороскопски знаци.


Терезија и љубов

Љубовта им е толку важна во животот што без неа се претвораат во несреќни и кршливи личности. Кога љубат, тие се исполнети, весели и го опсипуваат партнерот со бакнежи. Сакаат привлечни, интелегентни партнери но истовремено, тие мораат да бидат доволно силни да се грижат за повеќе работи кои тешко им паѓаат на Терезиите (пр. миењето на садови).  Во една врска, Терезиите верно го следат својот партнер, иако ги бие глас дека се неверни. Тоа се случува во оној период од животот (а такви ги имаат повеќе) кога не се сигурни кој им се допаѓа повеќе. Но, бидејќи исклучително ја ценат надворешната убавина, лесно им е да влегуваат од флерт во флерт, обидувајќи се да ја пронајдат вистинската љубов. Начинот на којшто го прават тоа е навистина неодолив. Широка насмевка, рафинирани манири и облека според најновата мода. Терезиите секого може да доведат до лудило. Но штом ја пронајдат вистинската љубов, тогаш за нив не постои никој друг и спремни се засекогаш да го делат доброто и злото со љубената личност.


Совет:

Светот не е само модна писта. Во него има и мали и големи луѓе, сиромашни и богати. Употребувајте го вашето чувство за универзална љубов колку што можете почесто.

Девица

Девицата е шестиот зодијачки знак. Припаѓа на земјените знаци и има променлива природа. Девиците се внимателни, интелектуални, сериозни и со чувство за ред.

Нивните негативни особини се: преголема критичност, хипохондрија, страв од донесување значајни одлуки. Нивниот владетел, Меркур, им подарил прецизен ум, точна логика, студен разум. Но има еден специфичност кај Девиците која не е видлива за гола око. Ќе ја илустрираме на следниот начин: имено, според истражувањата на американските астролози на прво место на листата на знаци кои сакаат да читаат романтични романчиња доаѓаат Девиците, а дури потоа знаците кои одамна беа сметани за најромантични(Рак, Риби итн). Со тоа, Девицата покажува дека и покрај интелектуалниот поглед на животот, таа  има потреба од емотивно надополнување. Нејзиниот пристап е навистина подложен на логика и класификација на добрите и лошите страни на луѓето, но сепак таа, најмногу од сите знаци, знае да се грижи за луѓето и нивната добробит. Во однос на физичкиот изглед Девиците се едни од најфотогеничните знаци кои, во главно, имаат солидна висина и/или издолжени екстремитети. За големо чудо, постојат Девици кои се целосна спротивност на чистите и уредни типични Девици. Станува збор за Девиците кои водат несреден живот, вообичаено се многу заборавливи и секогаш доцнат. Тоа е поради лошите аспекти, кои нивното Сонце ги склучува со останатите планети или чувствителни точки во хороскопот (дознајте повеќе во рубриката “Научи астрологија”). За среќа, таквите се малку на број!


Девица и работа

Девиците најдобро се снаоѓаат во професии каде се бара голема прецизност, и таму каде нивната склоност за забележување на детали ќе биде од корист. Имаат одлично чувство за организирање на работите. Нивната желба за служење често ги сместува во административна работа. Омилени професии им се: медицинска сестра, стоматолог, медицината воопшто. Едни од најдобрите писатели и автори се родени во знакот на Девицата. Нивната уредност и точност им овозможува одличен преглед на сите детали и нивно вклопување во целина.


Девица и здравје

Девицата владее со стомачните органи. Заедно со Раковите, Девиците спаѓаат во понервозните знаци. Премногу се грижат за своето здравје, дури кога за тоа нема потреба. Лесно може да станат хипохондари уште од најрана возраст, па замислените болести во младоста да ги здобијат во подоцнежните години. Нивниот нервен систем е оптоварен и опседнат со секојдневното извршување на работните обврски. Затоа, стомачните органи и нервниот систем се наоѓаат на удар. Најчесто страдаат од проблеми со желудникот и посебно внимание треба да обрнат на исхраната.


Девица и љубов

Девицата бара партнер кој во целост ќе ги исполни нејзините критериуми. Обично е срамежлива и емотивната наклонетост ја искажува преку ситни подароци или пораки. Колку и да се комуникативни и секогаш подготвени на двобој со зборови, кога чувствата на Девицата се засегнати, тешко наоѓа начин тоа да го соопшти на посакуваната личност. Не е склона да флертува, ниту пак лесно потклекнува пред убавите зборови од спротивниот пол. Најважно и е да постои интелектуална моќ кај партнерот, со кого ќе може да соработува и да се грижи за него. Проблемот со повеќето Девици во љубовта и генерално во животот лежи во тоа што тие, во најважните моменти, покажуваат неодлучност и сомневање, што ретко им се случува на останатите два земјени знака. Несигурна  во својот избор и решение, често станува кршлива и тажна. Но, тоа одлично го крие, не покажувајќи никакви емоции. Сепак, како што рековме Девиците сакаат искрено да се грижат за саканата личност и тоа го прават на многу внимателен и одговорен начин. На тој начин, субјектот на нивната грижа се чувствува многу удобно и сигурно. Девиците избегнуваат афери надвор од бракот или врската, не толку поради немањето интерес, туку поради нивниот страв од предизвици и почитување на моралните норми. Девиците си одговараат со другите земјени знаци (Бик и Јарец), како и со водените (Рак, Шкорпија и Риби) знаци. Несогласувања ќе постојат со огнените (Овен,Лав и Стрелец) како и со воздушните (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци.


Совет:

Не критикувајте ги луѓето за нивните лоши особини. Не критикувајте се ни себе си. Со тоа само ги онерасположувате другите. Потрудете се на фин начин да им објасните некои работи, видливи само за вас, кои можат да им го подобрат животот на луѓето.

Лав

Петтиот по ред хороскопски знак е Лавот. Припаѓа на групата фиксни знаци. Претставник е на огнените знаци. Планетата која владее со Лавот,  Сонцето, всушност и не е планета туку ѕвезда во нашиот сончев систем која ни дава живот.

Како самото Сонце, и Лавовите, секогаш се во центарот на вниманието, горди, авторитетни, креативни, великодушни и  заштитинички настроени. Понискиот тип на Лавовите е неомилен кај другите поради желбата да се фали за нешто што не го направил, премногу да се истакнува, да се расправа. Но, сите лавови знаат да бидат понекогаш егоцентрични, тврдоглави, љубоморни, суетни но и имагинативни, силни, страстни, романтични...

Широка е лепезата на карактеристики со кои се одликува кралскиот знак во хороскопот. Сржта на однесувањето на Лавот лежи во неговата природна потреба да биде виден и чуен. Смета (можеби и со право?) дека неговото е најточно и најдобро. Лесно ќе забележите еден Лав во рамките на едно друштво. Личноста околу која се збираат другите, речиси секогаш, е Лав. Тој пак, со задоволство ја презема одговорноста за идните постапки и решен е да ги реализира сите потфати. Но затоа пак, очекува аплаузи и глорификација. Лавот, како самото животно лав, наизглед е спор и тром, но само во еден момент може да збесне и да го турне противникот на плеќи. Неговата несомнена сила често го истакнува и му ветува висока социјална положба. Кон другите пристапува аристократски но истовремено на начин кој уверува и заштитува. Се што творат е дело на голема страст и желба за успех, па не е ни чудо што многу од нив постигнуваат одлични резултати. Истовремено и забавни и духовити, по цена на се, Лавовите сакаат да доминираат, да блеснат и да измамат воздишки. Иако, може да изгледат себични и самозадоволни, сепак, потребно им е внимание од другите, па склони се да ги преувеличат работите за тие да наликуваат на едни и единствени. Ги привлекува ризикот, коцката и се што е неизвесно и комплексно; сакаат да се докажуваат. Театрални и желни за сензации, благодарејќи на својата живописна имагинација знаат од ништо да направат чудо, а ако не се најде никој да ги пофали, самите ќе го направат тоа!


Лав и работа

Поради тоа што сакаат да блеснат, да освојат симпатии, најдобра професија за Лавот е театарот и филмот. Воопшто немаат трема, туку напротив, се чувствувааат многу природно под светлината на рефлекторите. Најпознатите актери и актерки се родени во знакот на Лав. Добро се снаоѓаат во улогата на воспитувач. професор и  говорник, затоа што им лежат сите професии каде некој ќе ги гледа, слуша или поддржува. Затоа, политиката е уште една област каде наоѓаат големо задоволство.  Без разлика каде, и на кое работно место се наоѓаат, секогаш се стремат кон врвот, бидејќи сакаат да се слуша нивниот збор. Имаат добро чувство за бизнис и економија, знаат да ги наметнат своите ставови, па можат да бидат успешни и како менаџери, директори и шефови.


Лав и здравје

Лавот владее со срцето,крвниот притисок и кичмата. Иако, како сите огнени знаци, Лавовите се одликуваат со беспрекорна издржливост и физичка сила, сепак и нивниот организам може да страда. Срцето е нивната ахилова пета и мора многу да внимаваат на исхраната. Не треба да јадат многу маснотии, треба да избегнуваат кафе и цигари; сите овие продукти можат да му наштетат на срцето. Треба да внимава на високиот крвен притисок, кој во подоцнежните години, заедно со болки во долниот дел од грбот, редовно ги следат претставниците на овој знак.Му се препорачуваат тимски спортови, иако веројатно и таму ќе сака да се докаже.


Лав и љубов

Лавот е великодушен во љубовта. Романтичен идеалист, бара партнер кој ќе му прилега. Сака физички привлечни личности кои постојано ќе го фалат и ќе му се восхитуваат. Неговата потреба од аплаузи има централна функција и во една љубовна врска. Но, затоа, Лавот ќе ја даде искрено и од се срце својата љубов. Лавот добро знае што сака и начинот на кој ќе го добие тоа. Не се сомневаат во успех, но подоцна ако не им се допадне само едно нешто кај партнерот, веднаш ќе заминат во друг правец. Имаат високи критериуми кога станува збор за избор на партнерот.Но, према својот избор ќе се однесуваат како спрема божество, а за возврат очекуваат благодарност. Имаат потреба и од авантири и возбудувања, го сакаат сексот и добри љубовници се. Бараат совршенство и во постелата и во кујната, но сепак повеќе сакаат самите да ги научат партнерите на тоа. Многу се љубоморни и посесивни, па важат за многу незгодни партнери. Го љубат партнерот, но постојано мора да се оддржува нивниот љубовен оган. Даваат многу, но и бараат повеќе. Сакаат да бидат сакани и обожувани по секоја цена! Лавовите се согласуваат со огнените (Овен и Стрелец) и воздушните (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци, додека несогласувања постојат со земјените (Бик, Девица и Јарец) и водените (Рак, Шкорпија и Риби) знаци.


Совет:

Целиот свет гледа во вас. Но, покрај предводничката улога која ви припаѓа, покажете и дека се грижите за чувствата на тие околу вас. На тој начин, засекогаш ќе бидете задоволни со себе и ќе добиете искрена љубов и почит.

Рак

Ракот е четвртиот знак во хороскопот. Тој припаѓа на групата водени знаци и има кардинална природа. Целиот негов живот е насочен кон домот и семејството, кои доаѓаат на прво место.

Инаку, тој е емотивен, срамежлив, сензибилен, работлив, штедлив. Знае да биде и посесивен, тврдоглав, фалбаџија и незадоволен од животот. Неговиот владетел, Месечината, многу бргу се движи околу Земјата, па зазема различни форми. Така е и со претставникот на овој знак, Ракот. Има толку различни расположенија така што е многу тежок за анализа. Но едно запомнете, секогаш емотивно ќе одговори на внатрешните и надворешните дразби. Раковите во младоста знаат често да го изгубат компасот, да тргнат по сомнителни патишта, да бидат меланхолични и затворени во себе. Како и симболот на овој знак, ракот, сите припадниици на знакот Рак имаат еден тврд оклоп кој многу тешко може да се пробие. Тоа го чинат од за нив многу разбирлива причина. Имено, тие се големи интуитивци, многу се сензибилни и чувствителни. Непромислен збор може да ги фрли во депресија и тага, а некои дури може да почувствуваат што мислат или чувствуваат другите па ненадејно да се повлечат во себе. Наизглед, Раковите изгледаат силни, недопирливи и постојани, но длабоко во себе кријат една ранлива природа која на моменти знае да ги насмее до солзи другите луѓе а некогаш безвучно да заплачат. Токму поради оваа нивна променлива природа (иако припаѓаат на кардиналните знаци според квалитетот) не решаваат секому да му се доверат. Затоа, без разлика колку познаници имале, само неколкумина ќе ја знаат вистинската природа на таа личност. Маската што ја имаат на себе знае некогаш толку да им прирасне што луѓето околу нив ќе се изненадат на ненадејните промени и изливи на бес и радост. Сепак, најважно за овој знак е да биде емотивно задоволен. Нив им се потребни многу љубов, пријатели, грижа и позитивно размислување. Тие се едни од најголемите заштитници во хороскопот. Сакаат да се грижат за лицата што ги сакаат и тоа го прават најдобро. Но, во случај да немаат на кого да ја дадаат својата љубов, знаат да станат исклучително себични, да ги гледаат своите потреби и да се затворат во својот свет. Тогаш, се навраќаат на минатото и евоцираат спомени. Заедно со Јарецот,  Ракот важи за еден од најголемите носталгичари во зодијакот. Во однос со другите луѓе Раковите се внимателни и прибрани. Но, штом еднаш ќе почувствуваат грижа и искрени емоции, стануваат душа на друштвото и редовно се задолжени за добро смеење и забава.


Рак и работа

За да ги исполни своите работни обврски на Ракот му е потребна мирна и срдечна семејна атмосфера. Еден типичен Рак, мирно и постојано си ги извршува своите задачи и се труди да стане незаменлив на работното место. Но има еден тип на Рак, кој ние би го нарекле боем. Тој тешко може да задржи едно работно место, одбегнува дисциплина и не ги поднесува надредените. Лесно може да се случи да даде отказ ако види дека се однесуваат многу строго со него. Ракот, пред се, има чувство за негување и разбирање на човечките проблеми. Затоа, најдобри професии за него се: писател, медицинска сестра, наставник, гинеколог, педијатар. Го интересира археологија, морепловство и екологија.


Рак и здравје

Ракот владее со градите и стомакот. Ракот спаѓа меѓу понервозните знаци во хороскопот бидејќи, по правило, е лесно повредлив и емоциите ги крие во себе. Затоа, најмногу страда метаболизмот, односно варењето на храната. Треба да избегнуват силно зачинета храна, алкохол, обилни оброци. Исто така, треба да ги избегнува и цигарите. Во слободно време Раковите треба да обрнат внимание на физичките активности кои ги ослободуваат од стресот и напнатоста кои се дел од нивниот емоционален склоп. Им се препорачува да учествуваат во спортови поврзани со вода, како што се: ватерполо, пливање итн.


Рак и љубов

Иако ретко ги откриваат своите вистински емоции, Раковите не можат да живеат без љубовта. Посебно се грижливи спрема партнерот, го опсипуваат со подароци, и најчесто својата љубов ја искажуваат преку милувања и нежни шепотења. Раковите се меѓу последните романтичари во хороскопот. Иако отпрвин срамежливо, сепак, начинот на кој се додворуваат е исполнет со магија и чувство на фантазија. По природа верни и чувствителни, Раковите се како креирани за брак. Во рамките на семејството ја доживуваат најголемата радост,  а нема посреќни луѓе од нив кога ќе станат родители. Тогаш сиот нивен фокус е насочен кон воспитувањето и грижењто за децата. Ракот кој е оставен од својата љубов пак, тажи и е разочаран од животот. Се вовлекува во себе си и потајно се навраќа на времето кога бил среќен. Тогаш неговата љубов може да помине во омраза и да се насочи кон пиење, денгубење и бесполезно вегетирање; се до следната симпатија на повидок. И Ракот тогаш повторно почнува да сонува, препуштајќи се на љубовната игра во која тој ја наоѓа својата емотивна храна. Ракот добро се сложува со водените (Шкорпија, Риби) и земјените (Бик, Девица, Јарец) знаци. Проблеми настануваат во комуникацијата со огнените (Овен, Лав, Стрелец) и воздушните (Близнаци, Терезија, Водолија) знаци.


Совет:

Обидете се да не бидете толку ранливи во однос на зборовите на другите луѓе. Не секогаш луѓето се против вас. Мора да се опуштите и да имате доверба во човечкиот род. Ваша мисија е да ги научите луѓето да го почувствуваат животот преку смеење и плачење, да им вдахнете емоции и да ги научите на почитување на минатото. Таму лежи клучот на целата наша иднина.

Близнаци

Близнаците се третиот знак во хороскопот. Имаат променлива природа, постојано се во движење и имаат многу предмети на интересирање. Самиот симбол на близнаци покажува дека често ќе покажуваат непостојаност, дволичност, неодлучност и желба за патување на кратки релации. Нивниот владетел, Меркур, им подарил комуникативност, интелегенција, снаодливост и љубопитност.

Тие се вечните деца на хороскопот со својата весела и оптимистичка природа. Еве неколку правила со кои ќе ги познаете Близнаците: имаат младешки изглед, долги раст или пак барем се одликуваат со долги раце и нозе, ситни чекори и немирен поглед. Сакаат да дознаат се што се случува околу нив, па прашуваат секакви прашања без разлика на темата. Близнаците се луѓе кои сакаат да учат, иако понекогаш им недостига концентрација поради потребата да дознаваат нови и интересни работи. Ако се најдете во друштво со нив, ќе се изненадите кога по првичниот интерес покажан за вас, по кратко време, ќе заминат во потрага по поинтересни стории. Со право Близнаците ги бие глас дека постојано зборуваат, земајќи в предвид дека одлично манипулираат со мноштвото информации кои допираат до нив, но кои веднаш ги дистрибуираат до тие околу себе. Најчесто се барани во друштво. Таму каде ќе забележите дека една личност постојано нешто раскажува, а притоа обилно се служи со рацете за гестикулација, може да се каже, со голема сигурност, дека сте нашле личност родена во знакот на Близнаци. Но исто така е точно дека Близнаците често немаат трпение да ги дослушаат  другите, но тоа доаѓа од таму што нивниот немирен и истражувачки дух  постојано бара возбуди од најразличен тип. Личностите родени во овој знак се шармантни и обично имаат многу пријатели и познаници во сите области на животот. Нивното логичко размислување и објективност им помагаат да ги надминаат емотивните конфликти со блиските личности, иако оваа нивна интелектуална ориентација некому ќе изгледа ладнокрвна и непрактична. Не можат да замислат да водат мирен живот и вообичаено не ги почитуваат воспоставените норми и традиции, додека предност даваат на промените.


Близнаци и работа

За Близнаците најважно е додека работат, истовремено и да се забавуваат; во спротивно не можат да ги извршат добро работните обврски. Работата мора да им овозможи ментален предизвик, сакаат да работат брзо и постојано да ги менуваат работите. Близнаците се знак кој најчесто го менува работното место или пак (што е чест случај), може да имаат повеќе професии кои истовремено ќе ги извршуваат. Идеални професии за Близнаците се: политика, дипломатија, новинарство, литература, глума, музика и односи со јавноста. Добри се како адвокати, менаџери, економисти итн.


Близнаци и здравје

Близнаците владеат со рацете, белите дробови и нервниот систем. Близнаците би требало да внимаваат на запаление на респираторните органи, нервни пореметувања, проблеми со зглобови. Во секој случај, треба да ги избегнуваат цигарите затоа што нивниот организам најмногу е подложен на болести предизвикани од пушењето. Нивната брза и немирна природа има потреба од избегнување на стресови. Им се препорачува повеќе одмор и сон. Исто така, им се препорачува редовно да извршуваат физички активности за да го оддржат во добра форма своето тело. Тенисот е еден од омилените спортови на Близнаците.


Близнаци и љубов

Близнаците имаат потреба да освојуваат, постојано да откриваат и да запознаваат. Едни од најпосакуваните личности во хороскопот, постојани заводници и флертувачи, Близнаците бараат личност која ќе биде интересна и привлечна, но со која ќе можат да остварат и интелектуален контакт. Проблемот со Близнаците е во тоа што најдобро им е на почетокот на врската, кога го откриваат партнерот и набргу ги дознаваат сите негови особини. Но, поради потребата од возбуда, лесно и без емотивен набој, го напуштаат партнерот и тргнуваат во потрага по друг. Многумина затоа ги нарекуваат дволични и несериозни. Близнаците барааат некој сличен на себе, весел и расположен за забава, а не некој кој ќе биде преетерано љубоморен и посесивен. Многу лесно знаат да влезат во врски кои се базираат на секс а не на емотивно поврзување за кое речиси и да немаат потреба. Многу доцна сознаваат што всушност сакаат па затоа и не се двоумат да побараат развод ако почувствуваат дека се гушат и дека слободата им е единствен излез. Близнаците имаат добри односи со воздушните (Терезија, Водолија) и огнените (Овен, Лав, Стрелец) знаци, додека несогласувања се јавуваат со земјените (Бик, Девица, Јарец) и водените (Рак, Шкорпија, Риби) знаци.


Совет:

Нема подобар знак од вашиот кога станува збор за прибирање и манипулирање со информациите. Но треба да разберете дека луѓетосе емотивни суштества и не сакаат едноставно да бидат класифицирани во вашата свест и подоцна едноставно избришани. Повеќе ќе ве ценат ако се обидете внимателно да ги ислушате и дадете совет од вашата лепеза на решенија. Тогаш може да се наречете комплетни и ценети.

Бик

Бикот е земјен знак, со фиксен квалитет. Со тоа, тие повеќе од другите знаци ги покажуваат особините на стабилност, реалност, внимателност и истрајност. Неговата планета-господар, Венера, покрај тоа што им подарила шарм, желба за материјална благосостојба, успеала и да им вдахне дух на дружељубивост, хумор и пријателско однесување.

Сепак, многумина ја забележуваат и нивната неможност да се прилагодат на новите правила на живот, тврдоглавост, себичност, посесивност и материјалистички поглед на живот. Бикот е знак кој се одликува со силна волја и решителност. Ако нешто започне потребно е долго време додека го заврши тоа, но тој никогаш нема да ја напушти својата цел. Добар планер, објективно ги забележува проблемите и реалистично се однесува кон нив. Најсреќен е кога е опкружен со мал број, но верни пријатели, партнер и семејство. Како голем хедонист, трите најважни работи за Бикот се: храната, пијалокот и сексот. Заедно со водените знаци се едни од најголемите боеми, можете често да ги најдете во ресторан а таму ќе ги познаете по пеењето. Бикот има еден од најдобрите гласови во зодијакот. Сепак, начинот на којшто пристапува кон другите луѓе не секогаш е пријатен за нив. Знае да се однесува кон луѓето премногу себично и да се грижи само за своја лична финансиска слобода. Ако случајно сте сретнале Бик сигурно сте го забележале по тоа што можеби на почетокот е внимателен па дури и срамежлив но потоа целосно се вклучува во дружењето. Цврст и постојан, никаде не му се брза, има троми движења, најчесто краток и масивен врат, но, многу привлечно и симетрично лице. Најсреќен е кога е опкружен со мал број, но верни пријатели, партнер и семејство. Како голем хедонист, трите најважни работи за Бикот се: храната, пијалокот и сексот. Заедно со водените знаци се едни од најголемите боеми, можете често да ги најдете во ресторан а таму ќе ги познаете по пеењето. Бикот има еден од најдобрите гласови во зодијакот. Сепак, начинот на којшто пристапува кон другите луѓе не секогаш е пријатен за нив. Знае да се однесува кон луѓето премногу себично и да се грижи само за своја лична финансиска слобода. Ако случајно сте сретнале Бик сигурно сте го забележале по тоа што можеби на почетокот е внимателен па дури и срамежлив но потоа целосно се вклучува во дружењето. Цврст и постојан, никаде не му се брза, има троми движења, најчесто краток и масивен врат, но, многу привлечно и симетрично лице.Бикот е најчесто верен пријател, секогаш спремен да помогне, да даде совет кој треба да го прифатите зошто знаат точно да ги оценат работите. Пазете се од нивниот бес кој ретко го покажуваат, но штом тоа ќе се случи тогаш се многу опасни за себе но и за околината. На тоа може да ги наведете ако им се мешате во нивните работи, предмети и партнери. Сепак, имаат одлична контрола на темпераментот па се омилени меѓу пријателите, иако, самите имаат мал број на вистински пријатели поради тоа што многу време (со право) им одзема професијата и домот.


Бик и работа

Биковите имаат уметнички потенцијал, уживаат во музиката и во нивниот дом постојано ќе слушнете пријатни звуци. Токму поради тоа, тие се едни од најталентираните исполнители на музика, иако ритамот не им е најсилна страна (најдобри танчери во зодијакот се Рибите!). Но бидејќи одлично владеат со финансиите и нивното вложување, сакаат да го зголемат својот имот и капитал, често ги наоѓаме како бизнисмени, менаџери, економисти, правници. Како прави гурмани, ништо нема да биде чудно ако ги сретнете и во прехранбената индустрија, индустријата за широка потрошувачка, итн. Каде и да работат, по правило, имаат штедлив однос спрема заработувачката, а најмногу ќе потрошат за музички компакт дискови, храна, пиење..


Бик и Здравје

Бикот владее со грлото. Како знак кој ужива во храната, Бикот е склон кон дебелеење и затоа треба да ја ограничи исхраната. Алкохолот и слатките работи (кои ги обожува) можат да ја зголемат неговата тежина и затоа е подобро да спортува; се препорачуваат спортови каде се бара издржливост и упорност. Во младите години може да имаат проблеми со крајниците, долната вилица, тироидната жлезда. Во подоцнежните години треба да се одржуваат со работа, но и да внимаваат на надворешните репродуктивни органи. По правило, Биковите добро ги поднесуваат годините.


Бик и љубов

Биковите се личности кои ги красат длабоки емоции и чувства. Сензибилни се, ја сакаат љубовта и имаат желба за допири. Иако делуваат мирно, рационално и контролирано, сепак сопственици се на силни внатрешни страсти и нагони. Не се вљубуваат лесно, најпрвин внимателно ќе оценат дали партнерот им ги задоволува критериумите; сакаат страстен, сензитивен и домаќински партнер. Потоа, без многу кокетирање, и со претходно длабоко уверување, ги искажуваат своите чувства кон спротивниот пол. Потребно им е повеќе време да го покажат своето вистинско лице, но затоа добро ќе ги оценат личностите до нив. На својот партнер ќе му дадат се што имат и ќе го заробат со силата на своите емоции и страсти. Но, се може да расипат како резултат на своите големи барања и страв од губиток. Може да се случи да ги третираат партнерите како личен посед, па најчесто и да ги изгубат. Нивниот бес, во случај да се посомневаат дека се изневерени, е краток но страотен. Тогаш најчесто кршат предмети. Но сепак, во суштина, тоа се топли, романтични и великодушни партнери кои не можат да живеат без љубовта, која, сепак си ја разбираат на свој уникатен начин. Добар однос воспоставуваат со земјените (Девица, Јарец) и водените (Рак, Риба и Шкорпија) знаци. Имаат проблеми во односите со огнените (Овен, Лав, Стрелец) и воздушните (Близнаци, Терезија, Водолија) знаци.


Совет:

Со вашето чувство за финансии и економија, уметност и талент, можете да се искачите на највисоките скалила на општествениот успех. Внимавајте на вашата љубомора! Таа може да ве турне во ненаситност, материјализам и нетолеранција!

Овен

Овенот е првиот зодијачки знак во хороскопот. Со него, на 21 март започнува пролетта. Како огнен и кардинален знак, иницијативен е и секогаш сака да биде прв. Неговиот владетел, Марс, е планета на воинственоста, па повеќето типични Овни се карактеризираат со енергичност, решителност, амбициозност, храброст.

Но, и покрај овие извонредни и единствени особини, Творецот не ги обдарил со внимателност, стрпливост и контрола над своите емоции, како и рационалност. Овенот навистина ја заслужува титулата предводник. Секогаш е исполнет со искрени емоции, длабоки пориви и желба за докажување. Го интересираат повеќе нешта во животот, но, секаде и секогаш сака да остави трага. Неговото его е силно изразено така да некои од претставниците на овој знак знаат да бидат и исклучително егоцентрични, себични и несвесни за постоењето на другите околу себе. Лесно ќе забележите еден Овен во своето присуство. Само приметете машко или женско кое оди со силни чекори и високо подигната глава, со тенки но забележливи усни, и веднаш ќе го забележите Овнот во своето присуство. Начинот на којшто зборува е специфичен: гласно, со постојана насмевка која влева сигурност кај другите. И тешко дека ќе остане незабележен. Неговиот однос со другите луѓе сепак покажува дека, за разлика од неговиот спротивен знак, Терезијата, тешко ја учи лекцијата за постоењето на други карактери, начини на размислувања и однесувања. Токму тоа е и неговата најголема мана која треба да ја надмине во текот на овој живот: да научи дека надвор од неговиот поглед на свет постојат и други чувства, размислувања и желби. Како и да е, колку и да звучи парадоксално, овој негов начин на однесување му стекнува популарност меѓу сите слоеви на општеството! Сепак, Овенот длабоко во себе е искрен, со желба за дружење, силен и иницијативен со што стекнува многу следбеници а тој пак со задоволство би ги водел напред ако му се признае лидерската улога!


Овен и работа

Овенот со својата експлозивност, решителност, достоинство и сила има потреба од работа која нема да биде досадна и која ќе му дозволи да има главна улога. Често, другите ја забележуваат неговата иницијативност и самостојност, па многу лесно и ја постигнува највисоката положба во професијата. Но, и покрај тоа што многу лесно на себе ја презема одговорноста, му недостига капацитет за внимателно планирање и рационалност. Исто така знае да биде груб со колегите и нервозен спрема надредените. Ако веќе имате колега Овен обидете се да не го провоцирате и да му наметнувате свој начин на размислување, зошто, на тој начин, ќе стекнете отворен и енергичен непријател. Некои од професиите каде Овните се снаоѓаат многу добро се: полицаец, војник, хирург, политичар, банкар, диригент, итн.


Овен и здравје

Овенот со својата експлозивност, решителност, достоинство и сила има потреба од работа која нема да биде досадна и која ќе му дозволи да има главна улога. Често, другите ја забележуваат неговата иницијативност и самостојност, па многу лесно и ја постигнува највисоката положба во професијата. Но, и покрај тоа што многу лесно на себе ја презема одговорноста, му недостига капацитет за внимателно планирање и рационалност. Исто така знае да биде груб со колегите и нервозен спрема надредените. Ако веќе имате колега Овен обидете се да не го провоцирате и да му наметнувате свој начин на размислување, зошто, на тој начин, ќе стекнете отворен и енергичен непријател. Некои од професиите каде Овните се снаоѓаат многу добро се: полицаец, војник, хирург, политичар, банкар, диригент, итн.


Овен и љубов

Својата моќ и решителност ја демонстрираат и на љубовен план. Имаат силни нагони, страсти и емоции. Кога еднаш ќе се заљубат по секоја цена мора да дојдат до саканата личност. Тешко ги сокриваат своите емоции. За да дојдат до целта, на секаков начин, но пред се гласно и отворено, ќе ја искажуваат својата љубов.   Добри љубовници се, но повеќе гледаат да ги задоволат своите потреби. Дури потоа се грижат за останатите аспекти од врската. Му недостига нежност, доверба и способност целосно да се препушти на партнерот. Му одговара личност која ќе покаже убавина, интегритет и желба да го следи. Но, исто така, Овенот знае многу лесно да ја истроши својата заљубеност па да побара задоволување во прегратките на друга личност. Ако пак Овенот е изневерен, многу бурно реагира, крши и сака да се пресмета со натрапникот, со што само ја покажува и својата љубомора и посесивност. Хармоничен однос воспоставува со огнените (Лав, Стрелец)  и воздушните знаци (Близнаци, Терезија, Водолија), додека има проблеми во комуникацијата со земјените (Бик, Девица, Јарец) и водените знаци (Рак, Риби, Шкорпија).


Совет:

Дадено ви е да го предводите човештвото во нови, храбри битки за откривање на нови полиња на дејствување на човечкиот ум. Се што треба да направите да покажете и милост кон послабите и разбирање за нивните проблеми. Дури тогаш ќе станете идеални и комплетни!

 

Платени реклами

Последни 5 Коментари



Пријатели

www.studenti.com.mk

Малешевска изворна музика

Етно плоштад фестивал - Берово 2010

You must have the Adobe Flash Player installed to view this player.