|
Потеклото и традицијата се основа на постоењето на секое битие. Со нивното запознавање се спознаваме самите себеси, нашата култура и живеењето на нашите предци. Културата на живеењето полека но сигурно се повеќе ни наметнува да ја запознаеме и да ја цениме нашата традиција, затоа што сепак и пред нас постоел живот со својствена за него традиција и култура.
Од друга страна современото темпо на живеењето и трагањето по здрав живот не враќа кон природата и нејзините благодети, како и кон еколошки произведена и здрава храна.
|
|
Музеј На Град Берово
За овој објект беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. Од неговата изградба, на крајот на 19-от век, па до осумдесетите години на минатиот век имаше различна намена, секогаш поврзана со дел од административните функции на градот- училиште, суд, библиотека. За жал, после тоа беше оставен на забот на времето, кој го претвори во непријатна глетка во самиот центар на Берово, опасна зона за пешаците поради елементите кои паѓаа и прашање на време беше моментот кога зградата ќе се урне.
|
Дом на културата “ ДИМИТАР БЕРОВСКИ ” – БЕРОВО ВОВЕД
Домот на културата “Димитар Беровски“-Берово е единствената институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот во општина Берово. По ослободувањето во 1946 година за потребите кои се наложувале во Берово бил формиран “Работнички универзитет“ и “Народна библиотека“. Се организирале вечерни школи за описменување на населението, разни курсеви за потребите на работните организации, се одржувале предавања и трибини за општествено политичките односи и случувања во земјата.
|
|
|
|
|
|