|
Потеклото и традицијата се основа на постоењето на секое битие. Со нивното запознавање се спознаваме самите себеси, нашата култура и живеењето на нашите предци. Културата на живеењето полека но сигурно се повеќе ни наметнува да ја запознаеме и да ја цениме нашата традиција, затоа што сепак и пред нас постоел живот со својствена за него традиција и култура.
Од друга страна современото темпо на живеењето и трагањето по здрав живот не враќа кон природата и нејзините благодети, како и кон еколошки произведена и здрава храна.
|
|
Низ слика и збор за саемот “Малешевијата на дланка“ Меѓународен саем на традиционални производи Почитуван намернику! Добредојде во Берово, на саемот “Малешевијата на дланка“. Внимателно следи и забележувај!
Фоо галетија од малесевијата на дланка 2008
|
|
Напишано од Васка Белчовска
|
|
Април - Великден. Избор на најцврсто и најубаво декорирано јајце. Од 2006 г. во град Берово започна да се организира како културна манифестација и Велигденскиот обичај за кршење на јајца во центарот на градот. Од 10.00 до 12.00 часот е пријавувањето на учесниците. Освен најцврсто се избира и најубаво украсено јајце
|
|
Напишано од Васка Белчовска
|
|
Ратевски карневал “Бамбурци“ Од 2008 година во с. Ратево започна да се организира карневал, на кој што се представуваат дел од Малешевските зимски обичаи (најатка, стреловиште и бамбурци). На карневалот учествуваа и маски гости од с. Мокриево и од Струмица. Имаше награден фонд за три поединечни и три групни маски. За наредната година се планира карневалот да биде меѓународен.
|